Отворен театарскиот фестивал „Ристо Шишков” во Струмица

Завесата на 27-то издание на Меѓународниот фестивал на камерниот театар „Ристо Шишков” вечерва во Струмица ја кренаа актерите од Драмскиот куклен театар Враца од Бугарија со претставата „Убавицата и принцот”, по новелата „Сонот на чичкото” од Фјдор М. Достоевски, а во драматизација и режија на Николај Полјаков.

Фестивалот за отворен го прогласи градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

„За Ристо Шишков заборав не може и не смее да има. Нашиот Меѓународен фестивал на камерен театар кој се одржува во градот на детството и младоста на Шишков, веќе 27 години го чува тоа име како најголемо богатство. Нека биде така и во иднина, на задоволство на сите почитувачи на вистинските културни вредности. Општина Струмица тие вредности секогаш ќе ги поддржува”, рече градоначалникот Јаневски.

Во петте фестивалски денови ќе се одиграат десет претстави од театри од Бугарија, Хрватска и Република Северна Македонија со учество на педесетина актери, кои ќе се докажуваат со својата актерска игра за единствената награда за високо актерско остварување „Ристо Шишков”. Наградата се состои од златен медалјон со ликот на патронот на фетивалот-актерот Ристо Шишков и парична награда во износ од 1.500 евра.

Фестивалската жири комисија ќе ја предводи ланскиот лауреат, актерот Благоја Чоревски, а членови се професорот Кољо Вандов од Бугарија и режисерот Драган  Јаковлевиќ од Србија

Во рамките на Фестивалот се одржува и деветтото издание на камерна драма НЕТА (Нова европска театарска акција).

Фестивалот е финансиски помогнат од Министерството за култура и општина Струмица.

МИА

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе