„Отворен микрофон“ во Европската куќа во Крива Паланка

Со поетско читање на македонски, германски, англсики, француски и шпански јазик во Европската куќа во Крива Паланка беше одбележан Светскиот ден на поезијата.

Настанот го организираше Европската куќа во Крива Паланка, а се реализира во соработка со средно општинско училиште „Ѓорче Петров“, центарот за младински инциијативи „Цик-цак“ и литературен клуб „Калин“ од библиотеката „Кочо Рацин“ на Центарот за култура – Крива Паланка.

„Збогатувајќи ја културната понуда за младите во градот, реализиравме настан насловен ‘Отворен микрофон‘ со кој  одбележувањето на светскиот ден на поезијата  беше повод да се соберат на едно место млади од неколку организации и институции на локално ниво, од средношколци, од гимназијата ‘Ѓорче Петров‘, преку млади од невладиниот сектор НВО ‘Цик-цак‘ , до млади поети од литературниот клуб ‘Калин‘ на Националната установа Центар за култура од градот. И како што тоа спонтано и случајно го умее само поезијата, настанот се поклопи со стогодишнината од раѓањето на нашиот великан Блаже Коневски, во чија чест се читаше неговата Везилка“, рече Димитар Петровски од Европската куќа во Крива Паланка.

Тој кажа дека настанот ги обединил младите локални поети и љубители на поезијата, звучните национални и големи европски поетски имиња, чиишто дела се интерпретираа оваа вечер.

 МИА

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе