Отворање на Викенд на гордоста

Годинава Викендот на гордоста во Скопје ќе се одржува во два месеци, од 2-11 јуни, и 15-17 септември, во Музејот на современа уметност, Мала Станица, МКЦ, Театар комедија, КСП Јадро и Станица 26. Викендот на гордоста Скопје е фестивал за квир култура, уметност и теорија чијашто цел е да создаде простор за презентирање и промовирање на ненормативните форми на светообразување или на односите, афектите, идентитетските позиции, телесните стилови и сензибилитети обележани од хетеронормативниот, националистички и неолиберален капиталистички контекст, како квир, ексцентрични и неуспешни.

Вечерва во МСУ се отвора изложбата на „Екстатични тела: Архива на перформативни квир тела во Македонија", курирана од Славчо Димитров и Биљана Тануровска – Ќулавковски, а во рамки на која ќе бидат претставени архивски материјали и дела од Волфганг Тилманс, Нора Стојановиќ, Милош Коџоман и Драгољуб Бежан, Христина Иваноска, Велимир Жерновски, Јане Чаловски, Кочо Андоновски, Наташа Гелева, Музејот на современа уметност Скопје, STEAM ROOM, Александар Георгиев, Викторија Илиоска, и многу други.

За време на отворањето на изложбата ќе биде изведен најновиот перформанс на Христина Иваноска, како и најновото кореографско дело на Александар Георгиев.

Оваа архива на современи квир/феминистички перформативи во Македонија ќе го опфати периодот од последните 4 декади. Во рамки на истата се истражуваат и се вклучени различни уметнички перформативни практики, кои ние ги забележуваме како феминистички перформанси и пракси во рамки на визуелните и изведбените уметности, како и квир перфоманси, секојдневни квир и клупски кореографии во 90-тите и денес, зачетоците на родовите студии и теорија, политички перформанси, и други фестивали и пракси кои ги истражуваме и читаме во полето на поставениот проблем и тема.

Публиката ќе може да проследи и перформанси на Џули Толентино и Стош Фила (САД) на 3 јуни во МСУ. Џули Толентино е култна американска уметница со филипинско и салвадорско потекло, која во своите перформанси/инсталации ги истражува меѓупросторите на расата, родот, релационалноста и архивот.

На 4 јуни, исто така во МСУ, ќе се претстават делата на Дејвид Хојл (ВБ). Во рамки на јунската програма ќе се одржи и јавно предавање на Јасмина Тумбас (САД), која на 0 јуни во МСУ ќе ја претстави својата последна книга објавена одManchester University Press - „Јас сум Југословенка!: феминистичка изведувачка политика за време и по југословенскиот социјализам"; перформативни презентации на Џесмин Херн, Џеј Бoj и Сара А.О. Роснер(САД) во Мала станица, а во соработка со Локомотива; на 11 јуни ПичПрич, и Срамота! – вечер на раскажување квир приказни.   

Во септемвриската програма публиката ќе проследи танцова претстава на францускиот кореографМатје Окемије, перформанс на Јулишка Стенгеле од Австрија, и вечер на воугинг и дрег забава.

Фестивалот е во организација на Коалиција Маргини и ЛГБТИ Центарот за поддршка, а се реализира во партнерство со Локомотива, МСУ, ТИИИИТ! Инк., КСП Центар-ЈАДРО и Терапија, со несебичната поддршка на Министерството за култура на РСМ, Фондацијата Heinrich Böll Stiftung, Амбасадата на САД, Фондацијата Фридрих Еберт, Амбасадата на Франција, Фондацијата отворено општество Македонија, и Сигрид. Раузинг. Изложбата Екстатични тела е делумно поддржана од Министерството за култура на Северна Македонија преку Програмата Уметност Институција Политика Тело/УПИТ на Локомотива како и од програмата на ЕУ-Креативна Европа/Life Long Burning проект.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе