на 14 јули

Отворање на 34. Ликовна колонија „Дебрца - 2018” во Белчишта

Во селото Белчишта в сабота ќе биде отворена ликовната колонија „Дебрца – 2018”, манифестација која според колекцијата уметнички дела спаѓа и меѓу најбогатите од тој вид во земјата. Од 1983 година, Колонијата има своја галерија, а делата на авторите од 2005 година се презентирани во сопствени простории.

„Ликовната колонија Дебрца, не само што е најстара и со најбогат фонд од над 700 дела, туку истата е нешто многу повеќе од само ликовна. Таа е настан, случување, со настапите и драмската лирика на еден Славко Нинов, на разиграните клавијатори под прстите на Валери Стефаноски, на композициите на Ристо Аврамоски, на громкото пеење на Ѓеорѓи Боќиков и на многу други великани“, вели ликовниот уметник и основач на колонијата Ѓорѓи Целески.

Тој додава дека печат на Колонијата давале ликовни великани од постарата генерација, како професорот Димче Коцо, потоа Вангел Наумовски, Јоне Симонче, Јордан Манасијески, Љупчо Стефаноски, Мето Георгиевски, Менде Иваноски, Васко Ташковски, Сергеј Андреески, Мето Горгиевски, Петар Мазев и многу други.

Што се однесува до годинешните учесници, на повеќе локации во атарот на Дебрца ќе сликаат нашите уметници Стадим Димитров, Запро Запров, Даниела Димческа, Горан Јованов, Симон Арнаудов, Предраг Јанески, Стојче и Емилија Тоциновски, како и Тасо Констандини од Албанија и уметниците Ѓорги Андонов-Жоро, Венера Константинова и Дарина Златарева од Бугарија.

Градоначалникот на Дебрца, Зоран Ногачески вели дека со колонијата живее цела Дебрца, а не само селото Белчишта. Уметниците еден ден ќе творат во пикторескниот амбиент на селото Црвена Вода, додека за десетте дена колку што трае манифестацијата тие ќе ги посетат речиси сите села во општината, вклучувајќи го и атрактивниот црковно-манастирски комплекс на Илинска планина.

 

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе