Отворање на 32-то издание на Поетска ноќ во Велестово

Со настап на „Скопје гитар трио“, вечерва во 21.00 часот ќе биде отворено 32-то издание на Поетска ноќ во село Велестово, Охрид.

Годинашната Поетска ноќ ќе биде посветена на поезијата на Зоран Анчевски и скулптурите на Димитар Филиповски, а ќе читаат и шестмина македонски современи поети: Тоде Илиевски, Владимир Мартиновски, Ѓоко Здравески, Биљана Стојановска, Павлина Атанасова и Јулијана Величковска.

Во тремот на црквата „Успение на Св. Богородица“ во Велестово, вечерва во 22.00 часот ќе биде отворена изложба на академскиот скулптор Димитар Филиповски.

Настаните ќе бидат организирани согласно протоколите и препораките на Владата и Министерството за здравство за заштита од ковид-19.

 

 

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе