Оскаровски ручек на екипата на „Медена земја“ со Бред Пит, Ал Пачино, Де Ниро, Тарантино...

Да бидеме на чисто. Не стоев јас покрај него, туку тој покрај мене. Јас имам две номинации оваа година“, се пошегува во текстот над фотографиите со Бред Пит режисерката на „Медена земја“, Тамара Котевска.

Режисерите Тамара Котевска и Љубо Стефанов, заедно со кинематограферите Самир Љума и Фејми Даут и продуцентот Атанас Георгиев присуствуваа на традиционалниот „Оскаровски ручек“ кој за сите номинирани го организира Американската филмска академија и се фотографираа со најпознатите ликови од светската филмска индустрија  Роберт де Ниро, Ал Пачино, Леонардо ди Каприо, Бред Пит, Квентин Тарантино.

Академијата сподели и официјална фотографија на Твитер-профилот, на која ги претстави номинираните за Оскар, за годинава.

„Медена земја“ е номинирана во две категории за најдобар документарен и за најдобар странски филм, со што постигна историски успех во македонската кинематографија.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе