Оперски концерт по повод празникот Василица

По повод празникот Василица, на 12 и 13 јануари во Националната опера и балет (НОБ) ќе се одржи традиционалниот гала оперски концерт „VIVA L'OPERA!“.

Традицијата е востановена пред повеќе од 25 години, а како што информираат од НОБ, оваа година публиката ќе има можност да ужива во изведбите на едни од највпечатливите арии, дуети и хорски делници од светски познатите оперски дела од композиторите Моцарт, Белини, Делиб, Пучини, Верди, Џордано, Леонкавало, Калман, Лехар.

Диригенти на концертот ќе бидат Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, режисер Дејан Прошев, светло дизајн Нино Митевски, концерт мајстор Климент Тодороски, хор мајстор Јасмина Ѓорѓеска. Ќе настапат оперските уметници Весна Ѓиновска – Илкова – сопран, Сандра Митровска – сопран, Наде Талевска – сопран, Ѓорѓи Цуцковски – тенор, Марјан Јованоски – баритон и Александар Стефаноски – бас.

Настапуваат хорот и оркестарот на Национална опера и балет.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе