Опера и балет

На педесет и првата годишнина од премиерата на култното дело „Драгоцени камења“ (кое вклучува три сепаратни делови „Рубини“, „Брилијанти“ и „Смарагди“) на американскиот кореограф Џорџ Баланшин, балетот Сан Антонио имаше премиера на „Рубините“ на 16.02.2018, забележано е во освртот на проф. Соња Здравкова – Џепароска.

22 Февруари 2018 - 15:00

На сцената на Народниот театар во Велес, пред полн салон, синоќа беше отворена сезоната и Годината на танцот 2018 на Танц Фест Скопје со претставата „Фен Мо“ од Пекинг, Кина, која беше проследена со овации. На 24 јануари, во 20 часот, претставата ќе биде изведена и на сцената на Македонскиот народен театар во Скопје.

23 Јануари 2018 - 13:03

Танц Фест Скопје ја прогласи 2018 година за Година на танцот и сезоната ја почнува со гостувањето на извонредната претстава „Фен Мо“ од Пекинг, Кина, во изведба на танцовата компанија на Пекиншката академија за танц. Претставата ќе има две изведби, на 22 јануари, во 20 часот, на сцената на Театарот „Јордан Х.К-Џинот“ во Велес, и на 24 јануари, во 20 часот, на сцената на Македонскиот народен театар во Скопје.

20 Јануари 2018 - 11:52

Искра Шукарова е поканета од страна на театарската академија SNDO – School for New Dance Development како дел од Academy for Theatre and Art да присуствува на претставите на младите автори, како дел од програмата на академијата. Претставите ќе се одржат на 23 и 24 ноември. Современите танцови дела кои ќе бидат презентирани ќе ги прикажат новите креативни тенденции на младите автори.

22 Ноември 2017 - 11:34

Македонската јавност ќе има ретка можност да го види балетскиот спектакл, претставата „Оревокршачка“ на мраз, во изведба на Државниот балет на мраз од Санкт Петербург, Русија. Поради огромниот интерес за претставата, која ќе се одржи во МОБ на 04 декември 2017 година, со почеток во 20 часот, организаторите, „Прагма Продукција“, договорија две изведби на „Оревокршачка“.

05 Ноември 2017 - 11:35

Скопје танцовиот театар, чиј уметнички директор е Рисима Рисимкин, на 31 октомври, со почеток во 20 часот, во Младинскиот културен центар во Скопје ќе ја прикаже претставата „Зеро“ во тематската Вечер на млади кореографи.

30 Октомври 2017 - 11:28

Денеска во Скопје, на 68-годишна возраст, почина примабалерината во пензија и кореографка Јагода Сланева, соопшти Македонската опера и балет.

17 Октомври 2017 - 20:28

Влезот во втората третина од програмата на летната манифестација „Скопско лето“, во организација на Дирекцијата на култура и уметност – Скопје, ќе го означат две премиерни изведби, на балетската претстава „Ла, ла, ла!“ на кореографката Саша Евтимова, со учество на балетски солисти и ансамблот при Македонската опера и балет, и театарската премиера на претставата за деца „Малиот принц“ од Антоан де Сент Егзипери на Детски театарски центар – Скопје.

01 Јули 2017 - 12:00

Македонската опера и балет извести дека балетскиот ансамбл на МОБ, во наредниот месец јули, ќе оствари неколку гостувања на летните фестивали во регионот на Балканот.

29 Јуни 2017 - 16:12

На малата сцена на Македонската опера и балет на 21 јуни (среда), во 19 часот, ќе биде презентирана програмата на студентите од Факултетот за музичка уметност – Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје од класата на вонр. проф. Искра Шукарова - Катедра за балетска педагогија.

21 Јуни 2017 - 11:00

Македонската опера и балет на 14 јуни, со почеток во 20 часот, ќе ја изведе балетската претстава „Црвената соба“, модерен балет работен според Шубертовиот квартет бр. 14, по либрето на Сашо Димоски, во кореографија на Игор Киров.

06 Јуни 2017 - 19:46

Македонската опера и балет извести дека од 01.06.2017 г. со одлука на Министерството за култура, за Вршител на должноста Директор на Македонската опера и балет е поставена позната балерина и кореограф, м-р Олга Панго, досегашен Уметнички раководител на балетскиот ансамбл во МОБ.

01 Јуни 2017 - 23:45

Во Македонската опера и балет, како финале на 45. Мајски оперски вечери, традиционално ќе биде изведена операта „Аида“ од Џузепе Верди, годинава со настап на гостите од Турска државна опера (Истанбул), како и операта, оркестарот, хорот и балетскиот ансамбл на Македонската опера и балет.

31 Мај 2017 - 17:15

По минатогодишната извонредно успешна светска премиера на „Клеопатра“, со која беше одбележана 25-годишната уметничка кариера на примабалерината Александра Мијалкова, балетот „Клеопатра“ е дел и од годинашните „Мајски оперски вечери“.

26 Мај 2017 - 17:42

На програмата на 45-ти „Мајски оперски вечери“, на 20 мај (сабота), со почеток во 12 часот, во Македонската опера и балет детскиот хор „Фалсето“ при МОБ премиерно ќе ја одигра оперетата „Пролетна приказна“ од композиторот Стојан Стојков, според текстовите на В. Николески, С. Тарапуза, З. Стојановиќ, В. Куновски, Б. Пановски, а во драматуршка адаптација на Стојан Стојков. Првата реприза е на 21 мај, во 12 часот.

20 Мај 2017 - 11:10

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе