БАЛЕТСКА УМЕТНОСТ

Во „Матица ексклузив“ ќе се одржи промоција на монографија за Јагода Сланева

Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ во Скопје, на 9 декември (петок) 2016 година, во 19 часот, ќе се одржи промоција на монографијата „Раскрилена птица“, посветена на познатата балерина Јагода Сланева.

Авторка на ова значајно монографско дело е Емилија Џипунова, долгогодишен хроничар и афирматор на балетската уметност во Република Македонија. За најновото дело, во издание на издавачката куќа „Панили“ од Скопје, ќе говорат Соња Здравковска Џепаровска, проф. д-р Љубинка Басотова и писателот Ефтим Клетников.

Во Мексико, Индија и Турција, жените завршуваат трипати повеќе обврски поврзани со грижа од мажите.

повеќе

Сега свесно или несвесно се оди во друг правец, сведувајќи ја  партијата  на ниво на  дебатен клуб.

повеќе

Најчести места каде што може да се препознае (и шири) говорот на омраза на интернет се всушност онлајн медиумите кои дозволуваат простор за коментирање.

повеќе