МАКЕДОНСКА ОПЕРА И БАЛЕТ

Со спектакуларната програма „Гранд-гала“ ќе бидат отворени новата сезона и реновираното гледалиште во МОБ

Македонската опера и балет на 12 и 13 октомври 2016 г. (среда и четврток), во 20 часот, приредува „Гранд-гала“, а посетителите ќе имаат можност да уживаат во спектакуларната програма и реновираното гледалиште во Салонот на МОБ.

Салонот на МОБ се реновира по 33 години од отворањето на сцената на МОБ во 1983 година. Новото гледалиште во МОБ ќе биде со намален број на седишта, за покомотно следење на настаните и пред секое седиште ќе има лед-екрани, на кои ќе може да се следи титлот од претставите, а ќе имаат и други наменски функции. За свеченото отворање, МОБ подготви ексклузивна програма.

Публиката ќе има можност да ужива во изведбите на: Fortuna Imperatrix Mundi (од Кармина Бурана), Hello (Adele), No one is Alone (Into the woods), Танц на сабјите (од Арам Хачатуријан), Петтиот елемент (од филмот „Петтиот елемент“), Либертанго (од Астор Пјацола), Танго (од Дуке Бојаџиев, од филмот „До балчак“), A Thousand Years (K. Perry), Frozen Choir Suite, Frozen Highlights, Алелуја (од Г.Ф. Хендл), Амено (Енигма), Adiamus (од филмот „Аватар“).

На сцената ќе има голем број на исполнители: Оперски и балетски солисти, хорот, оркестарот, балетскиот ансамбл и детскиот хор „Фалсето“ при МОБ.

Диригент е Иван Еминовиќ, режисер Трајко Јордановски, сценограф - Зоран Тошевски, костимограф - Марија Пупучевска, кореограф - Саша Евтимова, репетитор - Лора Тарчуговска, концерт мајстор - Верица Ламбевска, а хор мајстор - Ѓурѓица Дашиќ.

Посетителите ќе имаат ретка можност за вистинско уметничко доживување на „чувството во живо... во ново руво“, потенцираат од МОБ.

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе