„Романтична балетска вечер“ во НОБ

Во Националната опера и балет вечер ќе биде изведен балетскиот концерт „Романтична балетска вечер“. Изведбата е поставена и режирана од Ева Клоберг и Франк Андерсен, од Данска.

Балетскиот концерт опфаќа две балетски дела во кореографија на Аугуст Бурнонвил од Данска, инспирирани од Франција и Шпанија. „Конзерваториумот“ од 1849 година, што претставува омаж на неговата младост и едукативен престој во Франција и „La Ventana (Прозорецот)“ кој ја отсликува неговата страст за Шпанија.

Музиката е од Х. С. Паули, Х. К. Лумбие, В. К. Холм, Е. Хелстед, сценографијата е на Зоран Николовски, костимите се изработени од Марија Пупучевска, а асистент на продуцентите е Саша Евтимова.

Како што соопштија од Националната опера и балет, на концертот ќе настапуваат првенци, солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени поради пандемијата ковид-19 за одржување настани, а билетите се во строго ограничен број.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе