ОПЕРА

Премиера на комичната опера „Севилскиот бербер“ се случува во МОБ

Во реновираниот салон на Македонската опера и балет, на 25 октомври, со почеток во 20 часот, ќе се одржи премиера на популарната опера буфа - „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини.

Авторската екипа е составена од диригентот Џанлука Мартиненги (Италија), новоназначен шеф-диригент во Македонската опера и балет за оваа сезона, режисер е Урсула Хорнер (Австрија), асс. режисер е Љупка Јакимовска, сценограф - Марија Ветероска, костимограф - Марија Пупучевска, светло дизајн - Васко Лисичов, концерт мајстор - Верица Ламбевска, асс. хор мајстор - Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска.

Изведувачката екипа ја сочинуваат: Фигаро - Марјан Јованоски, Розина - Јелена Кончар (Србија), Гроф Алмавива - Благој Нацоски, Дон Базилио - Владимир Саздовски, Дон Бартоло - Небојша Бабиќ (Србија), Берта - Николина Јаневска и Злата Тошевска, Фиорело - Кристијан Антовски, Амброзио - Саша Смилевски.

Репризата на ова најизведувано дело на Росини е закажана за четврток, 27.10.2016 година. На репризата диригент ќе биде Иван Еминовиќ, во улогата на Розина ќе настапи Биљана Јосифов, а во улогата на Гроф Алмавива, Роберто Јакини Вирџили од Италија. Во останатите улоги настапуваат изведувачите од премиерата, известија од МОБ.

Сведоци сме на уште едeн во типично балкански стил политички „реалити шоу“ со повлекувањето на целокупниот персонал (!) на амбасадата на Србија во Скопје, вклучувајки ја и нејзината екселенција амбасадор!?

повеќе

Собранието треба да се врати во претходната состојба.

повеќе

Нашата страна или многу наивно играла според некои свои знаења и без правила и принципи или ја свиткала кичмата.

повеќе