МОБ

Предновогодишна изведба на оперската претстава „Евгениј Онегин“

Пред стартот на новата 2017 година, во среда, 28 декември, со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет, ќе биде изведена оперската претстава „Евгениј Онегин“ од Петар Илич Чајковски. Со оваа опера беа отворени овогодишните Мајски оперски вечери.

Претставата „Евгениј Онегин“ од Петар Илич Чајковски наиде на одличен одѕив како кај публиката, исто така и кај стручната критика. Љубителите на оперската музика повторно ќе имаат можност да уживаат во ова врвно оперско дело, чие што либрето базира на познатата истоимена поема на А.С. Пушкин. Диригент ќе биде Иван Еминовиќ, режијата е на Дејан Пројковски, сценограф е Валентин Светозарев, костимограф - Марија Пупучевска, кореограф - Олга Панго.

Во операта настапуваат Марика Поповиќ како Ларина, Сандра Митровска (Татјана), Николина Јаневска (Олга), Елена Тасевска (Филипјевна), Дарко Нешовски (Ленски), Александар Малишко од Украина (Евгениј Онегин), Владимир Саздовски (Кнез Гремин), Диме Петров (Капетан), Борко Биџовски (Зарецки).

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе