Праизведбата на операта „Помеѓу соништа и летови“ ќе се случи на 41-вите Денови на македонска музика

На малата сцена на Македонската опера и балет, на 30 март, со почеток во 20 часот, ќе се одржи праизведба на операта „Помеѓу соништа и летови“, поставена на музика и либрето од Горан Начевски, диригент ќе биде Иван Еминовиќ, а режисер - Љупка Јовановска.

Според либретото на операта секој од нас треба да ја пронајде својата верзија од приказната. Приказна за моментот кога не сме сигурни што е сон, а што вистина, или за тоа, кој е реалниот, а кој замислениот свет. Приказна без почеток, но со среќен крај, како спротивност од трагичните завршетоци на најголемиот број дела од оперската литература.

И уште една спротивност, парадокс во изборот на видот на глас кај улогата на Таткото. Родителите секогаш, во оперите се средни или длабоки гласови: алти, мецосопрани, баси или баритони, и затоа, во ова дело, таткото е тенор, кој во еден момент вели дека понекогаш е невозможно да се воспостави граница помеѓу сонот и вистината, минатото и иднината („чекориме ли напред, или се враќаме назад“ - Патникот бара од Ѕвездата да му го осветли и покаже патот на времето...).

Поднаслов на делото е „сценска лирска фантазија“, а целта е секој од публиката да донесе свое толкување и заклучок од случувањата во приказната.

Составот е камерен оркестар, камерен хор и солисти: сопран (Ѕвездата), тенор (Таткото) и баритон (Патникот). Режијата вклучува и двајца балетски играчи.

Улогите во операта ги носат Александра Лазаревска Василевски (Ѕвездата), Дејан Стоев (Таткото), Невен Силјановски (Патникот) и Илин Силјановски (Дете). Во операта учествуваат Хорот и Оркестарот на Македонската опера и балет.

Сценограф е Зоран Николовски, костимограф - Бранкица Јордановска, кореограф - Маја Каревски, светло дизајн - Нино Митевски, а хор-мајстор е Јасмина Ѓорѓеска.

Влезот на претставата е слободен.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе