Почина Тони Баталаков, солист, педагог и поранешен директор на Балетот

Антон Баталаков – Тони, истакнат танчар, повеќегодишен репетитор, директор, педагог, почина на 76 години, соопшти Националната опера и балет (НОБ).

Баталаков во Македонскиот народен театар (МНТ) бил од 1964 до 1992 година, каде што работел како солист, долгогодишен репетитор, бил и директор на Балетот од 1979 до 1989,  педагог во училиштето, каде што предавал класичен балет и дуетен танц.

Средното балетско образование Баталаков го оформува во Скопје во класата на Александар Доброхотов. Уште како ученик настапувал во некои претстави на Балетот на МНТ. Од 1964 е во редовите на ансамблот, каде што танцува во сите репертоарни изведби. Постепено станува солист, а прва главна ролја му е Кнезот во балетот „Тамара“ (1965).

„Танцувајќи кореографии со различни стилски определби, создава и остава обемен репертоар. Неговите изведби се класични, стилизирана класика, модерни кореографии, карактерни стилизации, до драмски изведби. Најзабележителни креации постигнува во карактерно-драмскиот фах, но и модерните стилизации не заостануваат“, велат од НОБ.

Во класичен стил ги изведе следните ролји: Пријатели на Франц во „Копелија“ (1963), „Балада за Скопје“ (1967), Парис и Ромео во „Ромео и Јулија“ (1969), Алберт во „Жизел“ (1973 и 1987), Валс на пролетта во „Штраусијада“ (1976).

„И ако некои улоги на Баталаков беа успешни и комплетни, тоа беа ликовите од драмскиот фах со кои овој истакнат уметник постигна ретко видени уметнички творби. Интелигенцијата, музикалноста и талентот за драмски остварувања му овозможија да ги оформи ликовите на: Капетанот Кука во ‘Петар Пан’ (1970), Гиреј во ‘Бахчисарајска фонтана’ (1981), Хиларион во ‘Жизел’ (1984), Дон Кихот во ‘Дон Кихот’ (1985), Ротбарт во ‘Лебедово езеро’ (1986) во кој беше чудесно свој и уметнички импресивен. Работејќи на повеќе определби во балетското опстојување кај нас и тоа како танчар, повеќегодишен репетитор, директор, педагог во училиште, секогаш вложувајќи се максимално, Тони Баталаков го дава својот придонес, со што добива значајно место во развојот на балетската уметност во Македонија“, велат од неговата матична куќа.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе