Ин мемориам

Почина примабалерината во пензија Јагода Сланева

Денеска во Скопје, на 68-годишна возраст, почина примабалерината во пензија и кореографка Јагода Сланева, соопшти Македонската опера и балет.

Јагода Сланева со наградата „Менада“

Јагода Сланева е дел од првата генерација ученици на Балетот при Македонскиот народен театар. Го завршува Средното балетско училиште во Скопје во класата на Јуриј Мјачин, професор-гостин од Санкт Петербург. Кариерата ја започна во 1968 со изведба на „Па де де“ од балетот „Оревокршачка“ на музика на П. И. Чајковски, а ја завршува во 1992 со улогата на Марија во балетот „Бахчисарајска фонтана“.

Во својата извонредно богата кариера, Јагода Сланева играше главни улоги во најзначајните балети од железниот репертоар на класичната балетска уметност, како Жизел во балетот „Жизел“, Китри во „Дон Кихот“, Јулија во „Ромео и Јулија“, Кармен во „Кармен“, насловните улоги во балетите: „Легенда за љубовта“, „Ѓаволеста девојка“, „Мирандолина“, „Лабин и Дојрана“, „Песна над Песните“, како и други модерни балети.

Како примабалерина на Македонскиот балет таа гостува на различни сцени во Франција, Германија, Полска, Романија, Канада, Словенија, Србија, Хрватска и други земји. Работеше и како педагог-репетитор во МНТ во 2006, а како кореографка соработува на повеќе театарски претстави во повеќе театарски куќи во Македонија, како и на повеќе проекти во независна продукција. Освен тоа, Сланева има богата ТВ-продукција во Македонската телевизија.

Во април годинава, примабалерината Сланева ја доби наградата „Менада“ за врвни достигнувања во балетската уметност од скопскиот фестивал „Танц Фест 2017“.

Комеморацијата по повод смртта на Јагода Сланева ќе се одржи на 19 октомври во МОБ, во 11 часот. Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта Бутел, од 13.30-14.30 часот, а погребот ќе се изврши во 14.30 часот.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе