Современ танц

Перформансот „јас повторно - но не сама“ ќе биде изведен во „Кино Култура“

Локомотива - Центар за нови иницијативи во уметноста и културата најави дека на 25.02.2018 (недела), во 20 часот, во просторот на „Кино Култура“, простор за современи изведувачки уметности и современа култура, ќе се одржи перформансот „јас повторно - но не сама“, на Гизела Милер и „Гебрудер Тејхман“.

Во организација на Локомотива - Центар за нови иницијативи во уметноста и културата на 26.02.2018 (понеделник), како дел од програмата „Заедно“, социо-културни активности за пошироката општествена заедница на проект_просторот „Кино Култура“, ќе се одржи „Култренинг!“ - редовни отворени часови за техники на современ танц и истражување на движење, со Гизела Милер.

Со перформансот „јас повторно - но не сама“ започнува програмата „Уметност, Политика, Институции, Тело“, како дел од ПЛАТФОРМ(а) 2018 - програма за современи изведувачки уметности во организација на Локомотива - Скопје.

Во однос на „јас повторно - но не сама“, по 20 години, средбата со музичарите „Гебрудер Тејхман“ ја врати на сцената Гизела Милер. Перформансот „јас повторно - но не сама“ претставува обид да се креира простор на резонанца каде движењето и звукот се спојуваат. Простор на размена и на дијалог каде движењето (танцот) го отелотворува звукот и звукот го презема движењето (танцот). Интеракција на маси, танцов под и играчи кои можат да водат дури и до борба...

Перформансот е создаден со концепт на Гизела Милер и „Гебрудер Тејхман“, во изведба на Гизела Милер, Ханес и Анди Тејхман и во продукција на „Танцфабрик“ Берлин, во соработка со Номад Танц Академија Словенија и Гете Институт.

Влезот е слободен.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе