Овации за македонската опера и балет на софиската сцена

Националната опера и балет на Македонија гостуваше со балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ на софискиот фестивал на Националниот музички театар на Бугарија „Стефан Македонски“. 

Режисер и кореограф беше Олга Панго – примабалерина, кореограф на македонската опера и балет.

Пред полната сала со познавачи на модерната балетска уметност, но и пред дипломати, трупата на Националната опера и балет на Северна Македонија ја претстави „Госпоѓиците од Авињон“. Учеството беше во рамки на Софискиот фестивал на музички театар на голема сцена. Првпат имаше странско учество на фестивалот, кое беше со македонската балетска трупа.

Публиката во Софија неколкупати им аплаудираше на балерините од Македонија. На крајот од настапот публиката се крена на нозе и скандираше „Повеќе, уште“ и „Браво“. На сцената беше поставена корпа со цвеќе од Министерството за култура на Бугарија.

Македонската балетска дружина доби специјален сертификат за учество на Софискиот музички театарски фестивал.

Поради дождливото време, претставата беше преместена од паркот на Воената академија во Софија во зградата на музичкиот театар.

Меѓу присутните беа директорот на НОБ Васо Ристов, директорката на Бугарскиот музички театар Маријана Луканова и директорот на КИЦ на Македонија во Софија Сашко Насев. 

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе