ДЕТСКИ ВИКЕНДИ

МОБ ќе ги изведе претставата за деца „Снежана и седумте џуџуња“ и балетот „Оревокршачка“

Македонската опера и балет и по Новогодишните празници на својот репертоар ќе продолжи со поставување на претстави за деца, во т.н. детски викенд секој месец, од кои најмладата популација ќе може да се едуцира и да го почувствува амбиентот на театарот.

За таа цел во сабота (14 јануари) и во недела (15 јануари 2017 г.), со почеток во 12 часот, на Големата сцена во Македонската опера и балет е закажана изведбата на популарната претстава „Снежана и седумте џуџуња“. Најблагородната публика повторно ќе може да ужива во бравурозната игра на популарните ликови Смешко, Учо, Лутко, Спанко, убавата принцеза Снежана, Принцот, Грдата Вештерка и други. „Снежана и седумте џуџуња“ е една од најизведуваните претстави за деца во Македонската опера и балет, на која најмладата публика секогаш го исполнувала салонот до последно место.

Македонската опера и балет во месец јануари 2017 на својот репертоар ќе ја постави и популарната балетска претстава „Оревокршачка“. Се работи за детска бајка чиј автор Т.А. Хофман дејствието го поврзал со празнувањето на големите празници. Врз основа на бајката, Мариус Петипа го пишува либретото, а музиката ја компонирал Петар Илич Чајковски. Се работи за едно од најпопуларните и најизведувани дела, на сите светски сцени.

Претставата ќе биде изведена на 21 и 22 јануари 2017 година, со почеток во 12 часот, на Големата сцена во Македонската опера и балет. Иако е наменета за најмладата публика претставата е приемчива и за останатите возрасти.

Сведоци сме на уште едeн во типично балкански стил политички „реалити шоу“ со повлекувањето на целокупниот персонал (!) на амбасадата на Србија во Скопје, вклучувајки ја и нејзината екселенција амбасадор!?

повеќе

Собранието треба да се врати во претходната состојба.

повеќе

Нашата страна или многу наивно играла според некои свои знаења и без правила и принципи или ја свиткала кичмата.

повеќе