„Овој пат не можев да молчам“, рече Баришников. „Роден сум во советско – во тоа време Советска Латвија – во семејство на воен офицер“.
Неодамна, Баришников ја кооснова „Вистинска Русија“, добротворна организација за собирање пари за украинските бегалци. Кога Русија ја забрани нејзината веб-страница, Баришников напиша отворено писмо до претседателот Владимир Путин. Тој напиша дека Путиновиот руски свет – светот на стравот – ќе „умре од сопствениот ужас доколку не се разбуди“.
Следува извадок од интервјуто со Баришников.
Новинарот: Што мислевте кога Путин рече дека Русите што го поддржуваат Западот се „ѓубриња и предавници“?
Баришников: Знаете, тоа е одвратно.
Новинарот: Дали мислите дека ова е војна на Русија? Или војна на Путин?
Баришников: Тоа е војна на Путин... Тој се обидува да создаде нова историја на Русија... Нему воопшто не му е гајле за луѓето... иако, како е можно тоа, тој самиот има деца, знаете? Како е можно?
Новинарот: Русите што зборуваат против него обично потоа исчезнуваат.
Баришников: Видете, јас ќе наполнам 75 години. Што имам да изгубам?
Баришников разговара и за новата продукција на „Овоштарник“ – неговото дело во њујоршкиот центар што го носи неговото име - и за многу други работи.