По повод 75 години од основањето на училиштето за балет

Меѓународна конференција за перспективите на музичко - балетското образование

Во организација на ДМБУЦ „Илија Николовски- Луј" Скопје се одржува  Меѓународната балканска конференција на тема: „Состојби и перспективи во музичко – балетското образованиe“.

Широко поставената тема дава можност да се испитааат специфичните практики и прашања од областа на професионалната музичко – балетска едукација. На конференцијата учествуваат 50 излагачи од Словенија, Хрватска, Србија, Австрија, Англија, Бугарија, Косово и Македонија. Настанот се реализира со поддршка на Министерството за култура и Министерството за образование.

Конференцијата ќе трае до недела и се одржува онлајн поради пандемијата.

Училиштето ги награди учениците Александар Војневски, Марија Дејановиќ, Драгана Илиевски и Дритон Ајрула, како најдобри во одделни класи.

Овој настан е дел од активностите на ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј", Скопје, посветен на 75 годишниот јубилеј од основањето на училиштето,

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе