Класичен балет

Марко Мицов е првиот Македонец кој учествувал во изведбата на Баланшиновите „Рубини“

На педесет и првата годишнина од премиерата на култното дело „Драгоцени камења“ (кое вклучува три сепаратни делови „Рубини“, „Брилијанти“ и „Смарагди“) на американскиот кореограф Џорџ Баланшин, балетот Сан Антонио имаше премиера на „Рубините“ на 16.02.2018, забележано е во освртот на проф. Соња Здравкова – Џепароска.

Кореографското наследство на Џорџ Баланшин е регулирано со строго утврдени правила кои се однесуваат на добивање лиценца за изведба која вклучува професионални изведувачи/педагози кои ја пренесуваат кореграфијата внимавајќи таа да не се измени воопшто, идентични костимите со премиерните изведби итн.

Во однос на добивање на дозвола за изведба се бара висок професионален ниво на трупата и солистите кои го изведуваат делото. Така што балетот Сан Антонио не само што ги задоволи овие параметри, туку со оваа изведба се придружи кон најголемите светски балетски центри, како Њујорк сити балетот, Баљшој театарот, Париската опера во одбележување на годишнината.

На премерниот настан во главната улога американската публика имаше можност да го види Марко Мицов, Македонцот кој бележи блескави успеси далеку од македонската сцена, во САД. Мора да се забележи дека Мицов е првиот Македонец кој ги изведувал „Драгоцените камења“, освен него Ивана Коцевска настапуваше во Баланшиновата „Серенада“ со Балетот во Љубљана.

За македонската публика Баланшин е посакувана, но сѐ уште нереализирана содржина во репертоарот. За самата изведба уметничкио директорот на Балет Сан Антонио, Вили Шивес, истакнува: „Во текот на викендот, Мицов играше во главната машка улога во балетот Џорџ Баланчин ’Рубини‘ во Тобин Центарот за изведувачки уметности во Сан Антонио, Тексас. Тоа е улога што ја создаде Баланшин за балетот во Њујорк и за американскиот танчер Едвард Вилела во 1967 година. Бев, исто така, привилегиран да ја играм иста водечка улога која ми беше пренесена од Вилела лично. Имав чувство дека Марко ќе биде совршен кандидат за улогата, бидејќи има технички способности и способност да ги презентира ликовите и движењето со сигурност.

Неговата изведба на отворањето, ноќта во петокот 16 февруари 2018 година беше моќна, игрива, забавна, возбудлива, и со еден збор СИЛНА. Тој покажал шарм и ги исполни движењето со леснотија. Уште повеќе, тој дека направи голем впечаток на секој што ја виде неговата изведба. До денес, тоа е неговата најдобра улога, и знам дека ќе ужива во повеќе дела кои на сличен начин ќе ја провоцираат неговата техничка издржливост и неговите уметнички способности. Ние сме толку воодушевени што го имаме Мицов во компанијата и се надеваме дека ќе можете да ја споделите оваа добра вест со луѓето од Македонија. Марко е ценет, почитуван и сакан во нашата уметничка заедница.“

Навраќајќи се на самата изведба во неа голем удел имаше и партнерката Кејт Макстед, која за улогата вели: „За мене е огромна чест да играм во ’Рубините‘ на Баланшин. Да ги играш значи да бидеш вистински оган на сцената. Тоа е извонредно сјајно и енергично парче кое бара стопроцентна посветеност на телото, умот и душата. Тоа што бев избрана играм на отворањето е извонредена чест за мене, бидејќи најдобрите играчи од светот ја изведуваат оваа улога. Марко и јас имавме одлична соработка, и нашиот заеднички однос е пресуден за рецепцијата на делото од страна на публиката. Оваа улога ќе ја обележи мојата кариера и ќе биде нешто што никогаш нема да го заборавам“.

Навраќајќи се кон Мицов може да истакнеме дека тој е вистински пример за успешна приказна, многумина би истакнале за „американска приказна“. Едуциран во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, никогаш не заборава да го истакне овој факт и да спомене дека припаѓа на класата на проф. др. Соња Здравкова-Џепароска, која го воведе во балетската уметност од првите почетоци па сѐ до финалните пред почетокот на професионалната кариера.

Во својата професионална биографија има запишано изведби на главни улоги во балетите „Лебедово езеро“, „Оревокршачка“, „Копелија“, „Кармен“, „Сон на летната ноќ“ , „Дон Кихот“, „Почит“ на Фредерик Френклин. За жал, досега нема ниту една иницијатива за покана на овој успешен уметник да настапи во Македонија. Се надеваме дека ова наскоро ќе се смени и дека македонската публика заслужува да го види најуспешниот балетски уметник кој гради кариера надвор од Македонија – стои во освртот на проф. Соња Здравкова – Џепароска.

Фото: Александар Девора

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе