БАЛЕТСКО ГОСТУВАЊЕ

Македонскиот балет со претставата „14 часа“ ќе настапи во Ротердам

Ансамблот на балетот при Македонската опера и балет на 10 декември (сабота) во Ротердам, Холандија, ќе го изведе современиот балет „14 часа“, една од своите најгледани балетски продукции.

Станува збор за современо балетско дело, кое низ синџир од 12 сцени, ги разработува женско-машките односи, преку ликовите на Лили и Марк. Автор на музиката е Кирил Џајковски, кореографијата и сценографското идејно решение се на Игор Киров, костимите на Александар Ношпал, а режијата и либретото на Наташа Поплавска.

Во балетот „14 часа“ играат Александра Мијалкова, Васил Чичијашвили (Грузија), Бобан Ковачевски, Наташа Јосифовска, Игор Веланоски, Јан Кисилев, Дафина Данилоска, Саша Евтимова, Билјана Басмаџиева, Агим Бафтии, Мирослав Митрашиновиќ и Светлин Стојанов (Бугарија), известија од Македонската опера и балет.

Во Мексико, Индија и Турција, жените завршуваат трипати повеќе обврски поврзани со грижа од мажите.

повеќе

Сега свесно или несвесно се оди во друг правец, сведувајќи ја  партијата  на ниво на  дебатен клуб.

повеќе

Најчести места каде што може да се препознае (и шири) говорот на омраза на интернет се всушност онлајн медиумите кои дозволуваат простор за коментирање.

повеќе