ОПЕРСКИ РЕЦИТАЛ

Контратенорот Луиџи Скифано од Италија ќе настапи во МОБ

Во Фоајето на Македонската опера и балет во сабота (03.12.2016 година), ќе се одржи редок настан-рецитал на контратенорот Луиџи Скифано од Италија. Контратенорот е редок и специфичен глас. Се одликува со висини несвојствени за машките гласови. Интерпретираат репертоар од ренесансни, барокни и класични автори, односно автори кои пишувале дела во кои настапуваат високи машки гласови.

Обдарен со темен и топол тембр и интензивен волумен, италијанскиот контратенор Луиџи Скифано се смета за еден од водечките италијански контратенори. На 21-годишна возраст ја открива способноста на својот глас да пее како контраалт односно, контратенор и започнува да го школува истиот со Силвија Боса во Фиренца. Се усовршува со Рената Ското во оперското студио на Националната Академија „Санта Чечилија“ во Рим, со Сара Мингардо во Центарот за античка музика „Пиета деи Туркини“ од Неапол и со Соња Прина.

На програмата на рециталот се дела од Хенри Парсел, Георг Фридрих Хендл и Јохан Себастијан Бах. Пијано-придружбата е на Дино Имери, а режисер е Дејан Прошев, известија од Македонската опера и балет.

Во Мексико, Индија и Турција, жените завршуваат трипати повеќе обврски поврзани со грижа од мажите.

повеќе

Сега свесно или несвесно се оди во друг правец, сведувајќи ја  партијата  на ниво на  дебатен клуб.

повеќе

Најчести места каде што може да се препознае (и шири) говорот на омраза на интернет се всушност онлајн медиумите кои дозволуваат простор за коментирање.

повеќе