Танц Фест Скопје

Кинеската танц-претстава „Фен Мо“ ќе биде изведена во Велес и во Скопје

Танц Фест Скопје ја прогласи 2018 година за Година на танцот и сезоната ја почнува со гостувањето на извонредната претстава „Фен Мо“ од Пекинг, Кина, во изведба на танцовата компанија на Пекиншката академија за танц. Претставата ќе има две изведби, на 22 јануари, во 20 часот, на сцената на Театарот „Јордан Х.К-Џинот“ во Велес, и на 24 јануари, во 20 часот, на сцената на Македонскиот народен театар во Скопје.

Танц Фест Скопје ќе има претстави и настани низ целата година, со цел да го промовира современиот танц како една од примарните уметности на 21 век. Програмата ја одбележуваат гостувања на извонредни претстави од странство, домашни продукции, работилници за современ танц, како и дебати и конференции.

Акцентот на случувањата, секако, повторно ќе биде во месец април, кога фестивалот ќе презентира претстави од Франција, Словенија, Швајцарија, Латвија, Литванија, Словачка, Полска, Унгарија, Австрија, Чешка, Хрватска, Македонија во период од дваесет и пет (25) денови без прекин.

Програмата во април ќе се одвива во три градови - Скопје, Велес и Штип, а 2018 - Година на танцот ќе се промовира и низ повеќе други градови во Македонија, кои со специјално подготвени настани ќе ја одбележуваат оваа, посебна година за современиот танц кај нас.

Претставата „Фен Мо“ е инспирирана од поговорката од книгата „Записи за сликарството од сите династии“ од Јан Јуан Занг од Танг династијата (618-907), која гласи: „Ако еден сликар користејќи го мастилото може да алудира на петте бои, тогаш тој ја знае есенцијата на сликањето, но никако не смее да се фокусира само на боите, бидејќи ќе се оддалечи од суштината“.

Кореографот низ движењата на танчерите пробува да ја оживее уникатната естетска форма на кинеското сликарство. Начинот на кој што мастилото се соединува со оризовата хартија, а воедно и неговото разградување во различни нијанси на светло и темно, мокро или суво, пригушено и интензивно, е ист со движењето на телото на танчерот: вдишувањето и издишувањето, во движење или мирно, брзо или споро, качувајќи се или паѓајќи.

Во кореографијата се користат традиционални кинески елементи, како „здив“, „штаки“, „коса“, „ракави“, „меч“, „лепеза“, „чадор“ и „фустан“ за да се пренесат чувства на пријателство, тага, огорченост, навреденост, извонредност, опуштеност и љубов во кинескиот спиритуален свет, во кои е содржана есенцијата на кинеската класичност.

Претставата се состои од пет слики, во неа учествуваат триесет и пет танчери, а продукцијата е на Пекиншката академија за танц, која е најголемата кинеска академија за танц, која ја посетуваат преку две и пол илјади студенти.

Компанијата, со поддршка на Министерство за култура на НР Кина е на европска турнеја, а за гостувањето во Македонија организатор е културниот центар „Интерарт“, во соработка со амбасадата на Народна Република Кина во Македонија.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе