Балетска педагогија

Искра Шукарова ќе гостува во театарска академија во Амстердам

Искра Шукарова е поканета од страна на театарската академија SNDO – School for New Dance Development како дел од Academy for Theatre and Art да присуствува на претставите на младите автори, како дел од програмата на академијата. Претставите ќе се одржат на 23 и 24 ноември. Современите танцови дела кои ќе бидат презентирани ќе ги прикажат новите креативни тенденции на младите автори.

Шукарова во Амстердам е поканета од страна на уметничкиот директор на програмата Бојана Младеновиќ, која последните 4 години го води одделот за кореографија во SNDO – School for New Dance Development, за додипломски студии во кореографија при Универзитетот за уметности во Амстердам.

Шукарова ќе реализира и контакти со одделот за танцова педагогија со што ќе се отворат нови можности за понатамошна соработка со катедрата за балетска педагогија – современ танц при ФМУ, каде Шукарова е професор седум години од основањето на оваа катедра.

Гостувањето на Шукарова во Холандија е поддржано од страна на Министерството за култура на Р. Македонија.

Фотографија: Ана Лазаревска

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе