Искра Шукарова е член на жири на натпреварување на музичките и балетски училишта во Србија

Кореографката и професор при ФМУ – Искра Шукарова е поканета како член на жири на Републичкото натпреварување на учениците од музичките и балетски училишта во Србија, кое се одржува од 17 до 28 март 2018 година во Нови Сад.

Искра Шукарова е повикана да учествува како еден од трите меѓународни членови на жирито на Републичкото натпреварување на учениците од музичките и балетски училишта во Србија.

Шукарова заедно со трите членови на меѓународното жири (Искра Ринг - Шведска, Александар Нешков - Грција) од 24-27 март 2018 ќе ја оценува работата на младите балетски уметници на ниво на Србија.

Во категорија за современ танц комисијата е составена од Маша Колар - Хрватска, Мачеј Кужминцки - Полска и Лео Мујиќ – Хрватска.

Фотографија: Ана Лазаревска

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе