Интернационалниот танцов натпревар Стејџ 2021 ја врати магијата на танцот на сцена

Минатиот викенд во Националната опера и балет се одржа Интернационалниот танцов натпревар Стејџ 2021 (Stage 2021), натпревар кој на едно место ги собра најдобрите балетски студија и танцови клубови од домашната и европска танцова елита.

Ова е првиот натпревар кој се одржа во живо на сцена откако се случи пандемијата предизвикана од вирусот ковид-19. Со почитување на сите мерки и протоколи организаторот направи квалитетно и големо натпреварување во кое учествуваа најдобрите танцови и балетски студија и клубови од Македонија, Грција, Србија, Косово, Турција и Словенија. Поради поголема безбедност на сите учесници настанот беше одржан без публика.

На интернационалниот натпревар во Скопје учество земаа над 32 танцови и балетски студија кои настапија со над 850 учесници во сола, групи, формации и продукции. Децата учесници беа оценувани од врвни професионалци од областа на танцот од сите танцови стилови, судии од: Македонија, Словенија, Турција, Србија и Бугарија. Претседател на жирито беше магистар Олга Панго – директор и педагог на балет во Националата опера и балет, а членови на житито беа Слаѓана Спасеновска - шефица на балетскиот оддел во ДМБУЦ Илија Николовски-Луј, Бахри Гуркан од Турција, Милана Митровиќ од Србија, Душан Водлан од Словенија, Елена Ангелова од Бугарија, Ивана Ивановска Илиќ од Србија и Себастијан Водлан од Словенија.

Интернационалниот танцов натпревар „Stage 2021“ е во организација и продукција на балетскиот педагог, кореограф и продуцент Тамара Ѓурчиновска, сопственик на балетското студио „Арт балет“ и поддржан од Министерството за култура и Националната опера и балет. „Ни беше чест и задоволство со врвна и беспрекорна организација да ги пречекаме сите учесници кои долго го очекуваа овој настан. После две години, танчерите и балетските играчи конечно имаа можност да се претстават на една од најубавите сцени во регионот и повторно да ја почуствуваат оваа преубава атмосфера и волшебно танцување. Изразувам огромна благодарност и почит на сите кои земаа учество во реализацијата на овогодинешниот Интернационален танцов натпревар „Стејџ 2021“ и од срце им честитам на сите вредни играчи-танчери“, изјави организаторот на натпреварот, Тамара Ѓурчиновска.

За успешноста на Интернационалниот танцов натпревар „Stage 2021“ најмногу говори  задоволството на учесниците:

„Настан за паметење бидејки малку заборавивме на вистинските вредности на танцувањето, а тоа е споделување на знаењата, поддршката и дружењата на танчерите и танцовите клубови. Одлична организација и прекрасни балетски, хипхоп и латино перформанси. Чиста 10ка за интернационалниот танц натпревар Stage 2021", изјавија учесниците од Брејк а Лег од Скопје.

„Беше неверојатно чувството повторно да се застане на сцена. STAGE не потсети сите нас како е кога ќе го покажете она што најмногу го сакате - да танцувате. И тоа го правите со голема љубов, а неверојатно големата љубов со која тимот работеше на STAGE ни подари незаборавни моменти на кои сите ќе се сеќаваме. Ни покажа дека и кај нас има натпревар кој е на рангот на познати европски натпревари, но и не потсети дека "Танцот може (повторно) да започне!", изјавија од Соната од Охрид.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе