Анализа на работењето во 2020 година

Хонорарите, парите од влезниците, изнајмувањето простор во Опера и балет, спорни моменти за ревизорите

Исплатата на авторски хонорари, исплати на средства кои не се правно поткрепени и по фактури без приложена поткрепувачка документација, отсуство на годишни и месечни планови за работното време, неусвоен акт за реаудиција на веќе вработените, неусогласености меѓу извештаите за остварени приходи од одржаните претстави, годишниот фискален извештај и уплатените средства во благајна, отсуство на интерни акти и процедури за остварување и евидентирање на приходите, критериумите за давање гратис билети, се дел од слабостите воочени со ревизијата во Националната опера и балет (НОБ).

Според ревизорските извештаи објавени денеска, средствата од продадените билети не се предаваат секој ден во благајна, а надоместокот за изнајмување сценски простор не е конкретно прецизиран со што е овозможено субјективно формирање на цените при закупот.

Констатирано е и дека се издавал простор по цени пониски од минималниот предвиден праг, како и дека е изнајмуван рекламен простор без претходно донесен акт од органот на управување за утврдување на висината на овој вид закуп.

Ревизорските извештаи укажуваат и на слабости при спроведување на пописот на материјалните средства, ситниот инвентар и залихите, како и на тоа дека не е извршен попис на дел од средствата.

Слабости има и кај дел од спроведените постапки за јавни набавки.

„Изразено е неповолно мислење во однос на вистинитото и објективното прикажување на финансиската состојба и резултатите од финансиските активности и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики за 2020 година“, стои во извештајот.

Во однос на исплатата на авторските хонорари, директорот на НОБ испратил забелешки, но Државниот завод за ревизија не ги прифатил со образложение дека „не се добиени дополнителни докази кои би имале влијание на промена на утврдената состојба во извештајот"

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе