Гала оперски концерт во НОБ

Нацоналната опера и балет вечер од 20 часот ќе одржи гала оперски концерт, на кој ќе бидат изведени дела на Штраус, Моцарт, Росини, Верди, Чајковски, Бизе, Доницети, Пучини и Лехар.

На програмата се арии од најпознатите опери, како „Лилјакот“, „Тоска“, „Кармен“, „Моќта на судбината“ „Макбет“, „Евгениј Онегин“…

Ќе настапат баритоните Ристе Велков и Драган Ампов и сопранистките Билјана Јосифов, Злата Тошевска и Ана Ројдева, во придружба на оркестарот на Националната опера и балет под диригентство на Иван Еминовиќ.

Настанот ќе се одржи со почитување на здравствените протоколи за заштита од КОВИД-19, а влезот за публиката ќе биде отворен еден час пред почетокот на оперскиот концерт. 

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе