Гала балетски концерт и изложба за 70 години постоење на Балетот

Чествувањето седум децении постоење на Балетот кое траеше во целата 2019 година, ќе биде заокружено утревечер со гала балетски концерт од 20 часот и изложба „Живот во движење“ која еден час порано ќе биде отворена во фоајето на Националната опера и балет.

Концертот ќе има два дела – класичен и модерен балет и ќе учествуваат сите првенци на Балетот и целиот балетски ансамбл, како и гости од Берлинскиот балет, од Хрватска и од Словенија.

„Приказната што почна во 1949 година треба да ја негуваме и да ја воздигнуваме секогаш на повисок пиедестал. Со солистите и целиот ансамбл направивме убав колаж. Цела година беше во знакот на јубилејот, а ова ќе биде круната“, рече на прес-конференција директорката на Балетот Олга Панго. На свеченоста утре ќе бидат доделени благодарници на сите што придонеле во развојот на институцијата, почнувајќи постхумно за Ѓорѓи Македонски па сè до новите генерации.

На гала балетскиот концерт ќе му претходи отворање на изложбата „Живот во движење“, која преку богат архивски материјал ќе го прикаже седумдеценискиот развој на македонскиот Балет. Идејата и реализацијата на изложбата е на Наташа Јосифовска, која рече дека во фокусот е целиот балетски ансамбл.

„Целта на изложбата е да се прикаже вкупната рабопта, продукцијата во седумте декади и заедништвото во балетсскиот ансамбл, сите што оставиле трага и поради кои ние денес сме тоа што сме“, рече Јосифовска.

Изложбата е конципирана во седум делови и секој е историјат за премиерите во одделна декада и прикажува  фотографии од уметниците и од изведбите, каталози, костими и костимографски скици за претставите, медиумски написи и 19 оригинални плакати за балетски премиери, меѓу кои и за првата,  „Валпургиска ноќ“, стар 70 години… Изложбата во НОБ ќе биде поставена два месеца, а во план е да гостува во повеќе градови низ земјава.

Работата на Балетот почнала на 27 јануари 1949 со премиера „Валпургиска ноќ“ од операта „Фауст“ на Шарл Гуно. Кореограф бил Ѓорѓи Македонски, основоположник на балетскиот ансамбл, кој една година претходно бил назначен за шеф на балетот на Државната опера во Скопје. Диригент на првата балетска премиера бил Трајко Прокопиев, сценограф Василие Поповиќ-Цицо, костимограф – Милица Бабиќ-Јовановиќ.

На 30 декември 1949 бил изведен и првиот целовечерен балет – „Бахчисарајска фонтана“ од Борис Асафјев, исто така во кореографија на Ѓорѓи Македонски. Во оваа претстава се појавила првата генерација македонски балетски играчи кои во наредните две децении биле главни носители на репертоарот.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе