Танц Фест 2018

Францускиот уметник Дидје Дешамп ќе ја добие наградата „Менада“

Фестивалот „Танц Фест 2018“ годинава ја започнува својата програма на 04 април 2018 година во Македонскиот народен театар, а на свеченото отворање во 20 часот ќе биде доделена Наградата за врвни достигнувања во областа на танцот „Менада“, која годинава ја добива извонредниот француски уметник Дидје Дешамп, актуелен директор на Националниот театар Шајо во Париз.

Советот на фестивалот „Танц Фест 2018“ едногласно ја донесе одлуката годишната награда за врвни достигнувања во областа на танцот „Менада“ да му припадне на францускиот уметник, танчер и короеграф Дидје Дешамп, заради неговата исклучитлена посветеност на развојот на современиот танц и негово поставување на повисоко уметничко рамниште.

Дидје Дешамп е француски танчер, кореограф и педагог, роден во 1954 година во Лион. Бил директор на Националниот центар за кореографија – Балет Лорен во Нанси сѐ до јули 2011 година, а денес е директор на Националниот театар Шајо. Дешамп е назначен за офицер на Националниот ред на заслуги, командант од Редот на уметностите и книжевноста и Витез на Легијата на честа.

Студира танц во Лион, во класата на Мишел Але Егајан, а потоа во Париз во Меѓународниот центар за танц, како и во Њујорк, во рамките на студиото на Мерс Канингам. Дидје Дешамп настапува во извонредни национални и меѓународните танцови компании, како компанијата на Режина Шопино, а од 1972 година во Соединетите Држави во Хаваи Денс Театар – групата на прославените Хозе Лимон и Дорис Хемфри.

Придонесувајќи во развојот на новиот француски танц тој создава сопствена танцова компанија и кореографија, особено за Режина Шопино, Националниот центар за современ танц во Анже, Високиот национален конзерваториум за музика и танц во Лион, и за различни танцови компании во Копенхаген и Лондон.

Паралелно на тоа, Дидје Дешамп се посветува на наставата по танц и интервенира во многубројни компании, како онаа на Режина Шопино, во Менажри де Вер во Париз, а потоа во странство, пред да биде назначен во 1983 година за директор на студиите во Националниот центар за современ танц во Анже, кој тогаш беше под раководство на Виола Фарбер.

Од 1984 до 1990 година, во текот на шест години, тој станува директор на одделот за кореографски студии на Високиот национален конзерваториум за музика и танц во Лион. На 1 јули 2000 година тој е назначен за директор на Националниот кореографски центар – Балет Лорен, по Пјер Лакот кој го управувал овој центар од 1991 година. Во јули 2011 година е назначен за директор на Националниот театар Шајо.

Фотографија: Патрик Бергер

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе