Балетски спектакл

Државниот балет на мраз од Санкт Петербург ќе гостува со две изведби на „Оревокршачка“ во Скопје

Македонската јавност ќе има ретка можност да го види балетскиот спектакл, претставата „Оревокршачка“ на мраз, во изведба на Државниот балет на мраз од Санкт Петербург, Русија. Поради огромниот интерес за претставата, која ќе се одржи во МОБ на 04 декември 2017 година, со почеток во 20 часот, организаторите, „Прагма Продукција“, договорија две изведби на „Оревокршачка“.

Првата закажана претстава на 04 декември е веќе распродадена и поради големиот интерес закажана е уште една, на истиот датум со почеток во 22 часот, во Македонската опера и балет.

Спојот на балетската уметност и најелегантниот спорт – уметничкото лизгање е програмската цел на Државниот балет на мраз од Санкт Петербург, Русија, кој е основан во 1967 година од страна на истакнатиот балетски кореограф Константин Бојарски. Музички директор и коосновач на оваа балетска куќа е Лео Коркин.

Балетот на својот репертоар ги има познатите балети на Петар И. Чајковски - „Заспаната убавица“, „Лебедово езеро“ и „Оревокршачка“, како и балетите „Ромео и Јулија“ и „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев.

Државниот балет на мраз од Санкт Петербург е успешно продолжение на традиционалната руска школа за класичен балет. Бојарски бил поранешен солист на светски познатиот балет „Марински“ и школски другар на славниот Рудолф Нуреев. Играл со Михаил Баришњков и Наталија Макарова. Музички директор и коосновач на оваа балетска куќа е Лео Коркин, познат руски диригент.

Во балетската компанија има повеќе од дваесет танчари што имаат титули во уметничко лизгање. Од 1995 година балетот на мраз од Санкт Петербург игра и на сцените на светските оперски и балетски куќи.

Сите изведби ги поставува кореографот Константин Расадин. Оваа балетска компанија првпат ги постави класичните балети во класични костими и сценографија на мраз инсталирана на сцена на театар. Во последните години овие продукции успешно се претставени на сцените на САД, Канада, Европа, Кина...

Настанот во Скопје е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија. Билетите за втората закажана претстава на овој балетски спектакл на мраз може да се набават преку продажната мрежа на „Купи Карти За Сѐ“ низ цела Македонија, во „Пола Југотон“, „Југотон“, Цвеќара „Розе“- Веро 2.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе