МАЈСКИ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ

Детската оперета „Пролетна приказна“ ќе има изведби на 20 и 21 мај

На програмата на 45-ти „Мајски оперски вечери“, на 20 мај (сабота), со почеток во 12 часот, во Македонската опера и балет детскиот хор „Фалсето“ при МОБ премиерно ќе ја одигра оперетата „Пролетна приказна“ од композиторот Стојан Стојков, според текстовите на В. Николески, С. Тарапуза, З. Стојановиќ, В. Куновски, Б. Пановски, а во драматуршка адаптација на Стојан Стојков. Првата реприза е на 21 мај, во 12 часот.

Режисер е Трајко Јордановски, диригент на хорот е Теа Богатинова, а костимограф е Никола Ефтимов. Настапуваат детскиот хор „Фалсето“, Доминика Робе (пијано придружба) и Тео Теодосиевски (перкусии). Солисти се Јана Диралова, Софија Стојковска, Теодора Блажевска, Луна Бејков, Оља Алексовска, Теона Јаневска, Маријана Андоновска, Јована Филиповска.

Детската оперета „Пролетна приказна“ од композиторот Стојан Стојков го отсликува будењето на пролетта и природата во неа. Музичкиот израз на делото кореспондира со естетските и технички елементи прилагодени на возраста на децата од предучилишна и училишна возраст, а хармонските елементи во него се едноставни, со јасна тонална подлога. Делото ги содржи сите формални елементи на жанрот опера: хор, солисти, дуети, балет и инструментална подлога, а во него авторот внесува и наратори кои ја водат приказната преку рецитативната форма.

Инспирирана од детската поезија на неколку македонски поети, во драматуршка адаптација на самиот автор, во „Пролетна приказна“ значајна улога игра и орфовиот инструментариум.

Детскиот хор „Фалсето“ при Македонската опера и балет е формиран во 2016 година и брои 40 членови на возраст од 9 до 15 години. Основна идеја и цел на ансамблот е воведување на децата во светот на класичната музика и запознавање со оперскиот репертоар, совладување на хорската техника и стекнување хорска култура.

Главна активност на малите хористи е учеството во оперските претстави на големата сцена каде тие добиваат можност да настапат рамо до рамо со реномирани уметници. На овој начин хорот придонесува за зголемување на интересот и нивото на музичката култура кај децата и подготовка за нивниот понатамошен професионален музички развој. Со хорот раководи Теа Богатинова, дипломиран музичар, композитор, диригент и долгогодишен хорист и вљубеник во хорската музика.

Премиерата на оперетата „Пролетна приказна“ е дел од манифестацијата „Европски оперски денови - Опера Панорама“, која се одржува во 18 европски земји, со учество на 70 оперски институции, меѓу кои и Македонската опера и балет.

„Европски оперски денови“ е иницијатива на „Опера Европа“, европска организација за професионални оперски компании и фестивали и RESEO, Европска мрежа за оперско-балетска едукација. Соработката помеѓу МОБ и „Опера Европа“, започна во 2008 год. Секоја година „Опера Европа“, дава програмска рамка, која како тема се реализира од страна на оперските куќи ширум Европа, со цел прославување на Европскиот ден на операта.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе