БАЛЕТСКА ШКОЛА

„Булфрогс балет“ ќе организира три интернационални летни балетски школи во Охрид

Секоја година „Bullfrogs Ballet School“ реализира три интернационални летни балетски школи за млади балетски уметници во Охрид, Македонија. Летните балетски школи „Bullfrogs“ се специфични поради тоа што покрај едукативниот аспект предвидуваат и активности и работилници кои ја развиваат креативноста на учениците. Самата програма е дизајнирана да овозможи време и за дружба и неформални активности.

Покрај редовните тренинзи во денот (класичен балет, ПБТ – progressing ballet technique и модерен и современ танц), учениците изучуваат и кореографски парчиња. Во одредени денови има и прошетки низ градот, посета на значајни места, но и денови предвидени за на плажа. Летнатите школи се под водство на уметничкиот директор на „Bullfrogs Ballet School“ - Александра Никифоровски.

Краен рок за аплицирање во сите нивоа од летните школи е 01 мај во тековната година. Аплицирањето е по електронски пат.

„Bullfrogs Ballet School“ (ББС) е основано во септември 2009 година од Александра Никифоровски, чија желба беше да создаде свој простор за креативно изразување каде ќе може да продолжи да го исполнува својот сон и да овозможи услови за тој сон да го пренесе и на други. Полека но сигурно, нејзиниот сон стана реалност – од 17 ученици на крајот на првата учебна година, ББС денес брои над 120 ученици.

Веќе шест години училиштето одржува високо квалитетна едукација по класичен и современ балет, за деца и млади артисти од 4 до 18 години. ББС е првото балетско училиште кое оствари соработка со ЈУ Детски Дом „11 Октомври“ и од 2010 година континуирано доделува стипендии на деца од Домот, како и прво училиште кое има сопствен репертоар на балетски претстави, изведувани во театрите во Скопје.

Од 2014 година, ББС воведе уште еден новитет во својата работа - организирање на летни балетски школи во Охрид – кои се организираат секоја година во летниот период.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе