Балетот „Рајмонда“ вечер во Македонската опера и балет

Македонската опера и балет вечер ќе го изведе балетот во два чина „Рајмонда" од Александар Глазунов, во кореографија на Виктор Јаременко од Украина.

Во главните улоги ќе настапат првенците Марија Кичевска-Шокаровска и Васил Чичијашвили од Грузија, гостинот од Италија, Давиде Буфоне, и Наташа Јосифовска. Ќе настапи целиот балетски ансамбл и оркестарот на МОБ. Диригент е Едуард Амбарцумјан од Русија.

Костимите и сценографијата се изработени во ателјето на МОБ под менторство на Гана Ипатиева и Андреј Злобин од Украина.

Либретото за балетот „Рајмонда“ е базирано на типичната драматургија која го обележува времето на романтизмот кога доминираат теми за јунаштвото, благородништвото, љубовта, достоинството и честа. Светската премиера на балетот била во Маринскиот театар во Санкт Петербург во 1898 година.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе