Балетот „Дамата со камелии“ повторно во НОБ

Балетската претстава „Дамата со камелии“ на музика од Џузепе Верди е повторно на сцената на Националната опера и балет вечер од 20 часот, со првенците Марија Кичевска-Шокаровска и Бобан Ковачевски во главните улоги.

„Дамата со камелии“ премиерно беше изведена на 31 октомври 2014. Оваа балетска продукција наиде на одличен одѕив кај публиката и беше оценета со позитивна критика,  Работена по музиката на Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“, соопшти НОБ.

Кореографијата е на Василиј Медведев од Русија, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург. Костимите и сценографијата во оваа раскошна балетска претстава ги изработи Павол Јураш од Словачка.

Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет, под диригентство на Иван Еминовиќ.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе