„Омаж за Саша Николовски – Ѓумар“, концерт на Оркестарот на Филхармонијата

Оркестарот на Филхармонијата денеска во 20 часот ќе го изведе концертот насловен „Омаж за Саша Николовски –Ѓумар“, посветен на големиот македонски диригент. Пред концертот во фоајето на Филхармонија ќе биде отворена и изложба на дела од Саша Николовски – Ѓумар, кој освен диригирањето кое му беше професија, имаше пасија и кон сликањето и пишувањето.

Саша Николовски - Ѓумар

На програмата на овој концерт се две дела од рускиот композитор Сергеј Рахмањинов – Концерт за пијано и оркестар број 3 и „Симфониски танци“. Како солист на пијано ќе настапи македонскиот пијанист Дино Имери, а диригент е Вања Ѓумар Николовски.

Дино Имери (1990) е еден од седумте најреномирани македонски пијанисти. Со огромен успех настапува на престижните сцени низ светот како гостин на врвни оркестри, како рецитален уметник и како камерен музичар. Има настапувано во Италија, Франција, како и во некои земји од Балканот. Настапувал во придружба на Стразбуршкиот филхармониски оркестар, Софиска филхармонија, Македонска филхармонија, Симфониски и Камерен оркестар на ФМУ – Скопје, Оркестарот на Националната опера и балет. Соработувал со еминентни уметници меѓу кои диригентите Јосеп Висент, Најден Тодоров, Емил Табаков, Саша Николовски – Ѓумар, Дијана Имери Илкоска, Борјан Цанев, Сашо Татарчевски, Кире Костов, Ле Фи Фи, Бисера Чадловска, потоа пејачи и инструменталисти како Игор и Ана Дурловски, Благој Нацоски, Либуше Санторисова, Алексеј Шаповалов, Луиџи Скифано, Бојан Илкоски, Влатко Стефановски, Ади Имери, Стојан и Нинослав Димови, актерката Симона Спировска, балерина и кореограф Ивана Коцевска и др. Добитник е на бројни награди и признанија.  

Вања Ѓумар Николовски се школува во Скопје, каде што на Факултетот за музичка уметност во 1992 година дипломира на одделот за диригирање, а во 1993 година на одделот за композиција .Во 1995 и 1996 година специјализира диригирање во Санкт Петербург на Конзерваториумот „Николај Римски Корсаков“, во класите на Илија Мусин и Михаил Кукушкин. Во овој период активно соработува со Јури Темирканов и Валери Гергиев. Мастер студиите по композиција ги продолжува во 1999 година во Скопје во класата на проф. Гоце Коларовски. Во деведесеттите години развива богата диригентска дејност, настапувајќи со повеќе хорски и инструментални ансамбли во Македонија, а Македонската опера и балет е неговата матична куќа. Остварува и голем број настапи во странство: Санкт Петербург (Русија), Белград (Србија), Виена (Австрија), Порто (Португалија), а подоцна и низа настапи во САД (Феникс, Сан Диего, Вашингтон, Лос Анџелес ...). Паралелно со ова активен е на полето на музичкото творештво, а неговите дела се изведуваат на „Деновите на македонска музика“, „Охридско лето“, средбите на музичките академии од поранешна Југославија. Во почетокот на овој век се преселува во САД каде што ја продолжува својата диригентска, педагошка и композиторска дејност.

Бескрајната творечка љубопитност го води и во други творечки правци, не само на сопствената земја, туку и на другите народи од различни континенти. Сето тоа резултира со полустилистичко музичко творештво што би требало да биде синтеза на различностите во еден единствен музички универзум.

 

Легенда под Главна слика

Саша Николовски - Ѓумар

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе