„Охридско лето“ годинава ќе го отворат четворица италијански тенори

Со настап на четворицата италијански тенори Алесандро Косентино Де Акриса, Федерико Сера, Џовани Мариа Палмиа и Уго Тарквини, под диригентската палка на маестро Лоренцо Бицари од Италија, придружувани од оркестарот на Националната опера и балет, грандиозно ќе биде отворено 62. издание на фестивалот „Охридско лето“.

Како што информираше директорката на националната установа „Охридско лето“ Наташа Поповиќ денеска на прес-конференција, на која беше соопштена годинашната фестивалска програма, љубителите на уметноста, ќе имаат можност да уживаат во 36 концерти, девет театарски претстави и шест настани во дополнителната програма, пренесува МИА.

„Од 12 јули до 20 август, на отворените сцени Антички театар, Долни Сарај, Центарот за култура, предворјето и во црквата Света Софија, ќе пречекаме над 1.000 уметници од 25 земји Србија, Чешка, Либан, Италија, Словенија, Полска, Франција, Албанија, Аргентина, Турција, Израел, САД, Унгарија, Украина, Шпанија, Австрија, Црна Гора, Грција, Косово, Велика Британија, Германија, Азербејџан, Кина, Шведска, и секако, уметници од Република Северна Македонија“, истакна Поповиќ.

Вети 40 атрактивни и возбудливи фестивалски вечери со богата програма создадена од нашите врвни и докажани уметници, сега селектори на „Охридско лето“, маестра Бисера Чадловска диригент во Националната опера и балет и Сања Арсовска актерка од Драмски театар Скопје.

Покрај отворањето со италијанските тенори, од музичкиот дел, селекторката на програмата Чадловска ги издвои настапите на камерниот оркестар „Профундис“, кој е еден од поновите македонски состави за камерно музицирање, врвниот светски виолинист Стефан Миленковиќ, виолинистот Шломо Минц…

„На роденденот на ‘Охридско лето‘, ќе имаме можност да го видиме фламенко балетот ‘Луксурија‘, спектакл базиран на традиционални шпански фламенко танци, а фестивалот ќе го затвориме со еден многу посебен настан, посветен на еден исклучителен човек. Одлучив тоа да биде концерт посветен на делото на легендарниот македонски композитор Александар Џамбазов, кој почина годинава. На концертот, македонски уметници ќе изведат дел од неговите најубави дела“, информира Чадловска.

Покрај настаните од официјалната програма, го спомена и „Подиумот на млади уметници“, кој традиционално се одржува на 9, 10 и 11 јули во црквата Света Софија. Ќе настапат Богдан Дугалиќ – пијано, Камил Ел-Ахмадиех – пијано и Сара Једличкова – виолончело и камерниот оркестар „Нонет+“, под диригентство на Ангел Спировски.

Богатата театарска програма, според селекторката на драмскиот дел на Фестивалот, Сања Арсовска, ја предводат Њујоршката Ла Мама со копродукциската „Балкан Бордело“, Белградските „Војна и мир“ и Вујко Вања“,  Украинската „Кротењето на опаката“, како и шест исклучителни домашни претстави. Публиката ќе има можност да погледне десет театарски остварувања, шест домашни и четири странски.

Дизајнот на рекламниот материјал, според директорката Поповиќ, ја отсликува замислата да се поврзе автентичноста на локацијата со музичко-сценскиот аспект на манифестацијата покажувајќи го патот кој води до терасата на најубавата сцена, Долни Сарај.

 

 

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе