Од денеска до 3 март Денови на црногорска култура

Со изложбата „Црногорско кирилично печатарство XV и XVI“ во сопственост на Матица црногорска, која ќе биде отворена денеска напладне во холот на Филозофскиот факултет во Скопје, ќе почнат Денови на црногорска култура во Македонија.

Како што соопшти Матица на Црногорците во Македонија, манифестацијата ќе трае до среда, 3 март, и е организирана во соработка со Истражувачкиот центар Монтенгрин.

На Филозофскиот факултет денеска ќе биде организиран и омаж посветен на професори и студенти на овој факултет со црногорско потекоо, а вечер во хотелот  „Панорамика“ ќе биде претставен проектот „Црногорски иселеници и нивни потомци во Северна Македонија“.

Во рамки на Деновите на црногорската култура ќе има уште две изложби – утревечер од 18 часот  во Музејот на македонската борба ќе биде отворена  „Медова – 105 години сеќавања“, а в среда напладне во Кинотека – изложбата „Црногорски филмски плакат“ на авторот Миомир Матовиќ од Подгорица.

 

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе