Објавена „Сатирична ризница“, нова книга со одбрани афоризми од Миле Ѓорѓијоски

„Сатирична ризница“ е називот на новата објавена книга со одбрани афоризми од познатиот афористичар Миле Ѓорѓијоски која што содржи над 1.000 афоризми кои опфаќаат широк спектар на теми од секојдневниот живот на децата и возрасните, спортот, политиката, љубовта и машко-женските односи.

„Како и во сите негови дела, Ѓорѓијоски и во ова дело нуди разноврсност која секогаш нуди можности за избор. ‘Сатирична ризница‘ претставува избор од прекрасното ткаење на зборот и мислата, најдоброто од целокупното долгогодишно творење на авторот. Изборот е направен од сите негови книги афоризми“, истакна за ова дело поетесата Христина Делоска.

Како што додаде рецензентот на книгата Долински, изборот од досегашното богато сатирично творештво на Ѓорѓијоски е читателски празник за сите најпробирливи љубители на овој најкус и најблагороден книжевен жанр.

„Веруваме, и во иднина ќе имаат уште многу пријатни нови средби и уживања во идните дела што нестрпливо и со задоволство ќе ги очекуваме од книжевната ‘филигранска работилница‘ на нашиот најистакнат мајстор на убавиот сатиричен збор“, додава Долински.

Со издавањето на книгата авторот го одбележа неговиот 65-ти роденден.  

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе