Објавена монографија „30 години Поетска ноќ во Велестово“

Деновиве во издание на Поетска ноќ од Велестово и ПНВ Публикации - Скопје од  печат излезе монографијата „30 години Поетска ноќ во Велестово“. Книгата за печат ја подготви Славе Ѓорѓо Димоски, основачот на манифестацијата. Покрај текстуалниот материјал монографијата богато е илустрирана со фотографии кои хронолошки го претставуваат нејзиниот развој во изминатите три децении.

Манифестацијата претставува антологија на македонската поезија и сликарство. На неа во овие три децении беа претставени најзначајните македонски поети и сликари, меѓу кои:Јован Котески, Гане Тодоровски, Матеја Матевски, Петре М. Андреевски, Радован Павловски, Михаил Ренџов, Богомил Ѓузел, Раде Силјан, Веле Смилевски, Ристо Василевски и други, а од сликарите би ги издвоиле Вангел Наумовски, Родољуб Анастасов, Глигор Чемерски, Владимир Георгиевски, Боро Митриќески, Коле Манев, Сергеј Андреевски, Славко Упевче, Јордан Манасиевски, Стефан Хаџи-Николов, Никола Упевче, Емил Шулајкоски и др.

На манифестацијата се претставија и други профили од светот на уметноста, како актерите Славко Нинов, Петар Темелковски, Томе Витанов, студенска група од класата на Владо Цветаноски, Варица Недевска, „Скрб и Утеха“, НАТГ Аматер – Охрид и др., музичарите Владимир Четкар, Климент Тодоровски, Зоран Маџиров, „Старовски“. UNDONE и др.

Во Монографијата поместен е антологиски избор од досегашните преставени автори, а изборот и пригодниот текст го направи Санде Стојчевски.

Бидејќи манифестацијата има и меѓународен карактер претставен е избор на досегашните странски поети од Ирска, Норвешка, Русија, Италија, Албанија, Словенија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Естонија, Словачка и др., а две јубилејни изданија беа посвети на поновата македонска поезија (на 25 и 30 издание) и по тој повод е објавена  книгата „Гласови на новиот век / панорама на поновата македонска поезија“.

Текстуалниот дел, покрај воведните делови кои се однесуваат на податоци за селото и за манифестацијата збогатен е со искажување и обраќања на наши и странски уметници.

Технички Монографијата ја подготви Јован Димоски.

Јубилејното издание е објавено со материјална поддршка од Општина Охрид, но не и од Министерството за култура на Република Македонија.

 

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе