Истражување на народната наративна култура

Објавена книгата „Наративни светови" од Лидија Стојановиќ

Ракописот претставува едно ново истражување, во кое авторката ги предочува сопствените емпириски материјали.

Издавачката куќа „Слово" од Скопје во едицијата „Логос" ја објави книгата „Наративни светови" од д-р Лидија Стојановиќ, научен работник во Институтот за фолклор во Скопје.

„Наративни светови" претставува истражување на народната наративна култура. Ракописот претставува едно ново истражување, во кое авторката Лидија Стојановиќ на сублимиран начин ги обединува најновите теоретски достигнувања во етнолошко-фолклористичките истражувања, но пред сè ги предочува сопствените емпириски материјали и наодите добиени од нејзините долгогодишни теренски истражувања.

Лидија Стојановиќ е автор на поголем број студии од областа на фолклористиката меѓу кои „Феноменот на иницијацијата во македонската народна книжевност", „Методи на истражување на фолклорот", „Хоризонти на народната култура" и др.

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе