Од професори на Факултетот за безбедност

Објавена книгата „Безбедносни ризици и закани-третман, феноменологија и мапирање“

Во издание на Факултетот за безбедност-Скопје и фондацијата „Конрад Аденауер“ излезе од печат книгата „Безбедносни ризици и закани-третман, феноменологија и мапирање” од проф. д-р Марјан Ѓуровски, проф. д-р Марјан Николовски и проф. д-р Саше Герасимоски. Публикацијата укажува на опасностите од современите видови ризици и нивната закана по виталните интереси и безбедноста на граѓаните, пред сè.

Овој ракопис произлегува од проект за истражување од кој, меѓу другото се презентирани дел од прелиминарните резултати кои се однесуваат на утврдување на безбедносните ризици со кои денес се соочува современата држава.

Како резултат на современите глобализациски и постмодерни промени во карактерот на ризикот, доминираат надворешните безбедносни ризици и во современото македонско општество, истакнуваат авторите на книгата професорите Ѓуровски, Николовски и Герасимоски и заклучуваат дека сложените глобализациски и постмодерни општествени односи придонесуваат да дојде проширување на безбедносниот ризик во државата и пошироко.

Посебна цел на овој ракопис е воспоставување методологија за процесот на мапирање на посебните елементи на ризикот кои се однесуваат на податоци за идентификуваните опасности, изложеноста на потенцијалните елементи на загрозување, податоци за нивната ранливост, како и податоци за капацитетите (ресурсите) на системот за управување со кризи кои може да се употребуваат во функција на превенција и справување со потенцијалните ризици и надминување на предизвиканите последници.

„Поаѓајќи од фактот дека живееме во ризично општество во кое безбедносните ризици стануваат сè побројни, пофлуидни и поразновидни, во ова истражување се користи современа теоретска основа врзана со проучувањето на современите ризици како општествен и безбедносен проблем, а пред сè во контекст на современите општествени услови и поставеност на државата и нејзините безбедносни институции со цел да се утврди кои се присутни основните карактеристики на безбедносните ризици својствени за глобализираните и постмодерните општества“, велат авторите.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе