Во издание на „Темплум“

Објавен првиот зборник текстови за попреченост на македонски

Издавачката куќа „Темплум“ неодамна го објави зборникот „Попреченост: текстови за инвалидните тела“, прв од ваков тип на македонски. Книгата пренесува пет влијателни есеи од областа на „студиите за попреченост“ и во вториот дел дваесетина кратки есеи за телото.

Уредникот Никола Гелевски во предговорот пишува дека книгата има за цел да го поттикне знаењето за попреченоста кај нас, сметајќи дека интелектуалното знаење за попреченоста, пред сè ќе им овозможи подобро место во општеството на луѓето со попреченост. Воедно, овие текстови и кај пошироката заедница треба го приближат знаењето за попреченоста, со што ќе се поттикнат емпатијата, солидарноста и вклученоста во општеството.

Во еден од застапените есеи, Ленард Дејвис, светски познат стручњак во студиите за попреченост го истакнува фактот дека лицата со инвалидитет сочинуваат 15 проценти од населението – најголемо физичко малцинство во многу земји. Според него, „податокот дека најверојатно многумина од телесно неоштетените денес ќе станат оштетени утре“ го повлекува прашањето: „Зошто инвалидноста не е препознаена како потенцијално универзална состојба? Иако таа навистина е тоа“.

„Овој мал зборник за попреченост сака да биде, значи, ем интелектуален резервоар на клучните идеи за попреченоста, ем поттик за развој на активизмот на луѓето со попреченост кај нас. На активизмот многу често му се потребни рефлексии и промислувања за да фати чекор со поширокото опкружување, но и за подобро да се разбере самиот себе“, се наведува во предговорот.

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе