Во издание на издавачката куќа „ПНВ Публикации"

Објавен првиот роман на Сашо Огненовски - „Сивиот плоштад"

Првиот роман на Сашо Огненовски – „Сивиот плоштад" објавен е во издание на издавачката куќа „ПНВ Публикации" од Скопје.

Деновиве од печат излезе „Сивиот плоштад"  ̶  првиот роман на Сашо Огненовски, во издание на издавачката куќа ПНВ Публикации од Скопје. 

Лилјана Пандева во поговорот кон овој роман пишува дека „Сивиот плоштад" не треба и не може да се спореди со ниту едно друго прозно дело од македонската современа книжевност.

„Благодарение на авторовата условно речена љубов за филмот и театарот или пак безусловно речено на неговата ерудитност за филмот и театарот, „Сивиот плоштад" е прозно дело – роман, но со филмска сценографија и со драмски дијалог, со еден збор, романот е адреналински. Од прологот до крајот“, пишува  Пандева во поговорот.

Сашо Огненовски е писател, актер и комуниколог. Досега издал пет збирки поезија: „Лавина", „Плодовите на гневот", „Пустински цвет", „Сума" и „Менување на минатото", две пиеси за возрасни и четири пиеси за деца. Неговите дела се преведувани на англиски, српски, бугарски и арапски јазик. Застапен е во поетски антологии во земјата и во странство. Уредник е на книжевното списание „Книжевни елементи". Преведува од српски и англиски јазик. За својата поезија добитник е на наградата ИЊА Богдани од Косово и на наградата на Друштвото на преведувачите од Црна Гора.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе