Објавен конкурс за наградата „Македонска книжевна авангарда“

Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент од Скопје објави конкурс за наградата „Македонска книжевна авангарда“ за најдобра книга објавена во 2021 година.

Како што соопшти организаторот на конкурсот, наградата се  доделува за иновативна, експериментална и креативна книга. Конкурсот ќе трае до 31 јануари, а добитникот на наградата ќе биде познат до крајот на идниот месец.

Наградата е во вид на плакета, а досега ја добиле авторите: Елена Пренџова, Марина Мијаковска, Дејан Трајкоски, Стефан Марковски, Ана Бунтескa, Бистра Илин Шеќеровски, Даниела Андоновска-Трајковска, Митко Гогов и Габриела Стојаноска-Станоеска.

Заинтересираните за учество на конкурсот треба да пратат или достават по еден примерок од своите книги на адреса: „Македонија презент“, ул.„Костурски херои“ бр.35, 1000 Скопје или по е-пошта: [email protected].

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе