Нови патоказни и информациски табли за Кокино

Локaлната акциска група АБЕР 2015, во соработка со НУ Музеј Куманово, преку донација добиена од Амбасадата на Република Франција го заврши проектот за подобрување на визибилноста на архео-астрономскиот локалитет Кокино, информираа надлежните.

За таа цел, како што информираше археологот Дејан Ѓорѓиевски, биле подготвени  пет нови табли (патоказни и информациски) кои значително ја олеснуваат посетата на Кокино, особено за странските туристи, кои постојано апелираа да се подобри патната сигнализација. Преку оваа донација, активен е сајтот за Кокино на кој се наоѓаат основните информации за вредностите на овој локалитет и можностите за негова посета. Активирани се мобилните апликации за аудио-водење на локалитетот, додека за сите оние кои се заинтересирани за посета со водич, може да се обратат во НУ Музеј Куманово или да резервираат водич на сајтот www.kokino.mk.

„Апелираме посетителите да се придржуваат до препораките за посета на локалитетот, како и до протоколите за посета утврдени со одлука на Министерството за култура. Воедно, апелираме и до месното население да не ги оштетува или уништува патоказните табли, затоа што руралниот развој преку културниот туризам е од интерес на сите нас, вели Ѓорѓиевски. 

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе