„Недела на шпански филм“ во битолскиот Центар за култура

Од денеска до 28 октомври, во организација на НУ Центар за култура во соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија и Кинотека на Северна Македонија во Битола ќе се одржи „Недела на шпански филм“.

Културната манифестација за филмофилите почнува вечер со свечено отворање во 20 часот во малата сала на Центарот за култура и проекција на документарниот филм „Омега“.

„Станува збор за музички документарец за албум со песни во кои се испреплетени панк-рок музиката на шпанскиот бенд Лагартија Ник, стиховите и музиката на Леонард Коен (1934 – 2016), стиховите Лорка (1899 – 1936), трагичниот поет и јунак на Шпанската граѓанска војна, со гласот на легендата на фламенкото Енрике Моренте (1942 – 2010)“, најавија од секторот за односи со јавност на НУ Центар за култура-Битола.

Во рамките на „Неделата на шпански филм“ ќе бидат прикажани филмовите „Духот на пчелната кошница“, „Девет писма за Берта“, „Национално наследство“, „Ракетата од Калабуч“, „Матахарис“ и „Невините светци“.

Кинопроекциите се бесплатни и ќе се реализираат во согласнот со мерките за ковид, а бројот на места во салата е ограничен согласно протокол, посочуваат од НУ Центар за култура-Битола.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе