Научната и уметничка визита на МАНУ во Охрид

Истражувачкиот центар за ареална лингвистика при МАНУ од денеска до 29 јуни во Куќата на Уранија во Охрид организира лингвистичка работилница во рамки на манифестацијата „Научна и уметничка визита 2019".

На работилницата  ќе се разгледуваат методите на обработка на дијалектни атласи, теоретските и методолошките поставки на дијалектолошките истражувања, современата состојба на македонските дијалекти, а ќе се дискутира и за концепцијата за изработка на дескриптивна граматика на македонскиот јазик.

Научната и уметничка визита која е во рамки на летните активности на МАНУ опфаќа  научни средби, изложби и промоции на членовите и центрите на Академијата. 

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе